Sunday, July 3, 2011

Роналдо: Доколку заминеше Мурињо, ќе заминев и јас

На почетокот од преодниот рок се појавија шпекулации дека Манчестер Сити нуди огромно богатство за да го донесе Кристијано Роналдо.
Португалскиот фудбалер не крие дека ја разгледувал можноста за овој трансфер, но тоа можело да се случи само доколку и Мурињо заминел од клубот.
"20 милиони годишно е ласкава понуда, тоа е многу добро, но зборував со мојот агент и мислам дека е подобро да останам во Мадрид бидејќи оваа година ќе бидеме најдобрите" - изјави Роналдо за Sunday Mirror.
"Жозе Мурињо останува во Мадрид па останувам и јас".
"Доколку тој заминеше во Челзи, тогаш и јас ќе заминев. Ќе заминев во Манчестер Сити. Но тој останува, останувам и јас".
Роналдо вели дека кога ќе го напушти Реал Мадрид ќе се врати во Премиер лигата, но тоа нема да биде во Лондон.
"Мислам дека кога ќе заминам од Шпанија, ќе се вратам во Премиер лигата, но тоа нема да биде сега".
"Прво треба да ја освоиме Лигата на Шампионите".
"Доколку се вратам во Премиер лигата, тоа ќе биде во клуб од Северозапад. Не го сакам Лондон".

No comments:

Post a Comment