Кошарка


Сопствениците и играчите не се разбраа! Локаут во НБА!

Доцна синоќа повторно се сретнаа сопствениците на тимовите и Асоцијацијата на играчи во НБА Лигата, но двете страни повторно не успеаа да стигнат до консензус па по крајот на разговорите стана јасно дека за прв пат после 13 години ќе има локаут во НБА.
Сепак претставникот на играчите, Били Хантер откри дека двете страни се договориле по секоја цена да направат нова средба и тоа во најблиска иднина. „Се договоривме дека ќе продолжиме со преговори. Тоа што ќе има локаут, не може да не сопре да се среќаваме и да се обидуваме да ги решиме проблемите“, изјави Хантер.

Според информациите на Њу Јорк Тајмс, недоразбирањето помеѓу играчите и сопствениците е поради тоа што независно од годишните приходи во размер од 3,8 милијарди долари, 22 од вкупно 33. тимови во лигата завршиле со загуба.

Комесарот на НБА, Дејвид Старн изјави дека покрај неповолниот развој, тој не е воопшто уплашен за иднината. „Не сум исплашен бидејќи сите сме подготвени на тоа што не очекува и ни е јасно какви загуби ќе претрпиме“.

„За жал неможе никој да предвиди колку долго ќе трае овој локаут, но се надевам дека играчите и сопствениците ќе се договорат во максимално брзо време“
, прокоментира Старн.



Жељко Обрадовиќ е избран за Тренер на годината во Евролигата



Тренерот на Панатинаикос, србинот Жељко Обрадовиќ беше избран за најдобар тренер во Евролигата, соопштува официјалниот сајт на турнирорт.
Српскиот стратег сосема заслужено ја надополни својата колекција со ова признание со оглед на тоа што ги донесе „детелините“ до титулата во најафторитетниот турнир на Стариот континент во текот на изминатата сезона.

Истовремено, грчкиот гигант со освојувањето на овогодинешната титула ја заокружи децениската доминација в евро лигата во која Панатинаикос има освоено пет шампионски титули.


Пау Гасол: Се надевам дека ќе останам во Лејкерс


Центарот на Лос Анџелес Лејкерс Пау Гасол изјави дека се надева дека ќе остане во својот тим и во текот на следната сезона. Како што е познато, шпанскиот репрезентативец е посакуван од Минесота, каде што од наредната година ќе игра и Рики Рубио.
„Мојата желба е да останам во Лејкерс, но ова решение не зависи од мене. Мислам дека сеуште имам сила да играм на високо ниво и да му помогнам на тимот да ја врати шампионската титула во НБА“, прокоментира Гасол.


МЗТ Скопје ќе биде дел од НЛБ од сезоната 2012/13

Тимот на МЗТ Скопје се договори со раководството на НЛБ лигата за влез во ова еминентно меѓународно натпреварување од септември, а влез во лигата на натпревари од 2012/13 година.
Како што информираше раководството на „штрковите“, во Љубљана постигнале договор со спортскиот директор на НЛБ, Роман Лисец според кој во Септември МЗТ Скопје ќе биде примен во групацијата, а од наредната сезона, доколку бидат исполнети условите тимот ќе започне да се  натпреварува.

За аеродромци претстои период во кој тие ќе мораат да ја променат структурата на клубот, да го зголемат буџетот на завидно ниво и да создадат квалитетна екипа, достојна да се бори со остатокот од тимовите кои се во НЛБ лигата.

Ваквиот успех на МЗТ е фантастичен предуслов за подигнување на квалитетот на домашната кошарка со оглед на тоа што покрај Фени во овој момент нема клуб со солиден буџет, а овој факт ќе ги мотивира спонзорите да инвестираат повеќе во кошарката па се надеваме дека еден ден некој наш тим ќе успее да влезе и во најквалитетната европска Евролига.


Далас прв пат во историјата стана НБА шампион

Тимот на Далас Маверикс е новиот шампион во НБА лигата, откако во шестиот натпревар од финалната серија го совлада Мајами Хит со 105:95. Со тоа, клубот од Тексас ја освои првата титула во историјата, затварајќи ја серијата со резултат 4-2 и тоа со успех среде Мајами.
Одличен натпревар за Маверикс одиграа двајцата клучни играчи, кои несомнено ќе станат легенди на клубот од Тексас - Дирк Новитски и Џејсон Тери. Со ова, Далас му се реваншираше на Мајами за загубената титула во текот на 2006. година.

Оваа титула е прва и за соѕвездието играчи на Далас, вклучително за Тери, Новитски, Пеџа Стојаковиќ, Џејсо Кид, Шоун Мерион и Тајсон Чандлер. Конечниот успех за Далас исто така беше голем шамар за амбициите на Мајами, кои ги имаа пред почетокот на сезоната, кога тимот го оформи ѕвезденото трио: Џејмс - Бош - Вејд.

Џејсон Тери беше најпрецизен при победата со 27 поени, Дирк заврши со дабл-дабл од 21 поени и 11 скокови. Германецот имаше катастрофална прецизност во првиот дел, но во текот на второто полувреме покажа зошто е еден од најголемите во НБА во овој момент.

Леброн Џејмс од друга страна постигна 21 поени, Бош дополни 19, а Вејд заврши со 17 при последниот пораз на Мајами.