Ренова со победа ја започна евро сезоната
Вториот македонски претставник во најмасовниот европски турнир, Лига Европа, тимот на Ренова успеа да слави со 2-1 во првиот натпревар од првото коло против Гленторан од Северна Ирска.Натпреварот кој се одигра на „националната Арена Филип Втори Македонски“ не предизвика големо внимение но сепак победата, иако со примен гол, е добро отварање на новата сезона за тимот на Ренова.
Стрелци на погодоците за нашиот преттавник беа Бобан Јанчеевски во 14. минута од Пенал и Муарем Бајрами на три минути пред крајот на средбата, додека за гостите прецизен беше Колин Никсон.
За одбележување е и фактот дека тимот од Северна Ирска го заврши натпреварот со девет играчи на терен, со оглед на тоа што Елтон Морис уште во првото полувреме и Џејми МекГовен пред крајот на дуелот заработија црвени картони.
Реванш натпреварот ќе се игра во Северна Ирска а е закажан за 7. Јули. Претходно победа на гости од 4:1 забележа Работнички во дуелот со Транс Нарва, Романтичарите истиот ден реваншот ќе го одиграат на „Националната Арена Филип втори Македонски“.
Вториот македонски претставник во најмасовниот европски турнир, Лига Европа, тимот на Ренова успеа да слави со 2-1 во првиот натпревар од првото коло против Гленторан од Северна Ирска.
Стрелци на погодоците за нашиот преттавник беа Бобан Јанчеевски во 14. минута од Пенал и Муарем Бајрами на три минути пред крајот на средбата, додека за гостите прецизен беше Колин Никсон.
За одбележување е и фактот дека тимот од Северна Ирска го заврши натпреварот со девет играчи на терен, со оглед на тоа што Елтон Морис уште во првото полувреме и Џејми МекГовен пред крајот на дуелот заработија црвени картони.
Реванш натпреварот ќе се игра во Северна Ирска а е закажан за 7. Јули. Претходно победа на гости од 4:1 забележа Работнички во дуелот со Транс Нарва, Романтичарите истиот ден реваншот ќе го одиграат на „Националната Арена Филип втори Македонски“.
Работнички фуриозно во првиот евро настап годинава
Тимот на Работнички одлично ја отвори новата сезона во Европа, како за себе така и за целиот македонски фудбал. Романтичарите славеа со 4:1 на гостувањето кај Транс Нарва и речиси сигурно си го обезбедија пласманот во второто коло.
Својата надмоќ, а и реномето кое го имаат романтичарите ги направи носител во дуелот со Нарва а фудбалерите од Дебар Маало го докажаа тоа и на теренот во Естонија.
Уште во 15. минута Велкоски го отвори резултатот и наговести победа, но домаќините преку Епикхин изедначија во 34. минута и со тоа го поставија конечниот резултат на првото полувреме.
Во вторите 45 минути сликата на теренот беше драстично различна, Романтичарите ја имаа комплетната иницијатива во свои нозе, а тоа го валоризираа со уште три погодоци, најпрво Маневски во 51. минута па Филип Петковски во 72. минута го донесоа РАботнички во уверливо водство, додека Влатче Гроздановски на 2 минути пред крајот ги постави конечните 1:4.
Реваншот на Филип Втори е наредната недела, каде што Работнички ќе има за цел да ја оправда оваа победа и со уште еден триумф да не израдува со пласман во второто коло каде што го очекува тимот на Јувенес Догана од Сан Марино.

Конте: Мојот Јувентус ќе се бори до самиот крај
Новиот фудбалски стратег на двократниот европски шампион Јувентус, Антонио Конте, моментално е среќен поради трансферите кои ги направи клубот досега и планира да ги оствари во наредниот период.
Досега екипата на „старата дама“ ги ангажираше Андреа Пирло, Микеле Пасиенса и Рето Циглер, а интересно е тоа што и тројцата во Торино доаѓаат како слободни агенти. Освен тоа, во текот на наредните неколку дена се очекува и финализирањето на договорот со Стефан Лихтштајнер кој го напушта Лацио.
„Ќе треба да го обединимие тимот и да работиме на тактиката. Во фудбалскиот колектив на Јувентус постои огромна желба работите повторно да тргнат кон подобро и се надевам дека ќе успееме во тоа.“
„Многу сум среќен откако разговарав со момците во клубот. Во нивните очи видов силен ентузијазам и голема мотивација за победи. Мислам дека наредната сезона мојот тим ќе биде оној кој ќе се бори до самиот крај.“ - изјави Конте.

Шефовите на Јунајтед убедени во ангажманот на Самир Насри
Сопствениците на Манчестер Јунајтед се убедени дека ќе го привлечат Самир Насри од Арсенал во текот на ова лето, соопштува англискиот печат.
Тренерот на крилото во лондонскиот тим, Арсен Венгер, инсистира на тоа фудбалерот да остане во Лондон, иако тој веќе одби да го продолжи договорот и идната година може да си замине како слободен агент.
Ова може да ги принуди сопствениците на „топџиите“ ова лето да го продадат во Манчестер Јунајтед, за да добијат барем дел од парите за неговиот трансфер.
Преговорите меѓу двете страни започнаа претходно овој месец и според шефовите на Олд Трафорд Арсенал бара солидна сума за својата ѕвезда. Покрај Манчестер Јунајтед, за услугите на францускиот фудбалски репрезентативец е заинтересиран и Манчестер Сити.

Тиаго: Барса ми ја покажа довербата, сега на мене е редот
Младата ѕвезда на четирикратниот европски шампион Барселона, Тиаго Алкантара, изрази задоволство од потпишаниот договор со клубот од Каталуња.
Вчера младиот фудбалер ја продолжи соработката со екипата од Камп ноу до 2015-та година, а Барселона неговата откупна клаузула ја определи на 90 милиони евра.
„Ми се оствари сонот да ја продолжам кариерата во овој клуб, со овој тим. Навистина сум многу, многу среќен.“ - изјави синот на светскиот шампион од 1994-та година - Мазињо.
„Сега ќе ја споделам радоста со своето семејство. Никогаш не сум помислил да ја напуштам Барселона бидејќи отсекогаш сум сакал да играм тука.“ - додаде Тиаго за официјалниот сајт на европскиот првак и заклучи:
„Клубот ми ја покажа довербата која ја има во мене и сега на мене е редот да ја оправдам. Мислам дека ќе можам максимално да ги покажам своите квалитети и да ги оправдам средствата вложени во мене.“

Де Геа: Сакам да ги подобрам успесите на Ван дер Сар
Новиот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, се надева дека не само што може да го израмни, туку и да го подобри успехот на неговиот претходник, Едвин ван дер Сар, меѓу стативите на европскиот вицепрвак.
„Според мене, Едвин ван дер Сар беше најдобриот голман во светот додека играше за Манчестер Јунајтед.“ - изјави Де Геа и додаде:
„Се надевам дека ќе го следам неговиот победнички пат и ќе поминам многу сезони во Манчестер. Не само што сакам да го изедначам, туку мислам дека можам и да го подобрам неговиот успех и придонес за клубот.“
„Јас сум млад, но тука доаѓам со две полни сезони во Примера Дивизион. Значи имам доволно искуство да го дадам својот придонес за тим како Манчестер Јунајтед.“
„Премиер лигата е позната по својот квалитет но и тежина, ама сепак мислам дека ќе го поднесам притисокот кој го носи таа.“ - заклучи младиот шпанец.

Пато: Дојде време и јас да блеснам за Бразил
Напаѓачот на италијанскиот фудбалски првак Милан, Александре Пато, изјави дека дојде неговото време да блесне за националниот тим на Бразил. Пато веќе долго време се подготвува со своите соиграчи за престојната Копа Америка, каде што „кариоките“ ќе го бранат својот трофеј од претходното издание на шампионатот.
„Се уште имам што да учам, но дојде времето и за моето блескање. Подготвен сум да се борам за трофејот на Копа Америка и да го освојам турнирот.“ - изјави Пато на денешната прес-конференција.
„Имаме одличен тим и ќе дадеме се од себе да се претставиме во најдоброто издание. За мене ќе биде огромна чест да настапам со толку многу ѕвезди во тимот на Бразил.“
„Покрај тоа, почестен сум што го добив дресот со број 9. Тој му припаѓаше на Роналдо, а тој беше мојот идол. Сега дојде време јас да ги покажам своите квалитети. Среќен сум и се чувствувам подготвен да ја поднесам тежината на овој дрес.“ - додаде бразилецот.

Нејмар: Догодина ќе играм во Реал
Последната трансфер сензација од Бразил - Нејмар - како да конечно одлучи во кој клуб сака да ја продолжи кариерата.
Според „Марка“, тинејџерот признал пред својот близок пријател - одбранбениот играч на Барселона Дани Алвеш - каде сака да игра. Нејмар му кажал Алвес дека не знае ништо за интересот на Барселона за него, но бил убеден дека следната година ќе игра за Реал Мадрид.
Интерес за Нејмар има и од страна на Челси, дури и се тврди дека Сантос дозволил да започнат преговори со англискиот клуб.
Зборовите на фудбалерот, сепак посочи дека тој не планира да ја напушти својата татковина ова лето, како што сакаат и Реал, и Челси.

Реал Мадрид се распрашувал за Тиаго
Екипата на шпанскиот вицепрвак Реал Мадрид во текот на последните неколку дена се распрашувала за играчот на најголемиот ривал Барселона - Тиаго Алакнтара.
Информацијата која ја проширија мадридските медиуми денеска и официјално ја потврди таткото и агент на фудбалерот - Мазињо.
„Реал Мадрид се распрашуваше за мојот син, но на листата заинтересирани клубови се наоѓаат уште многу имиња.“ - призна поранешниот играч за агенцијата ЕФЕ.
„Многу брзо потпишавме нов договор со Барса. Ни се јавија во вторникот и се беше готово.“ - откри Мазињо.
„Никогаш не сум помислил да ја напуштам Барселона. Мојот сон беше да продолжам да играм тука и сега треба да го покажам она за што сум ангажиран.“ - изјави 20-годишниот играч.