Ракомет


Металург се засилува пред ЛШ, Червар гради силен тим!

Македонскиот ракометен шампион Металург интензивно се засилува пред стартот на новата сезона во ракометната лига на шампиони, предводени од Лино Червар, металурзите се решени да имаат значаен настап во најквалитетната ракоментна лига па поради тоа денес се потпишаа договори со тројца нови играчи.


         

Македонија во групата Б на ЕП 2012 заедно со Германија, Шведска и Чешка

Денес, во Белград беа одредени групите за претстојното Европско ракометно првенство кое во Јануари ќе се одржи во Србија. Веќе беше познато дека Македонија ќе игра во Ниш, а заедно со нас во групата Б се и селекциите на: Шведска и Чешка.


EHF ни го подари Ниш како домаќин на нашата група

Европската ракометна федерација EHF, на нашата селекција и го додели градот Ниш за домаќин на групата во која ќе се најде ракометната селекција на Македонија.
Ждрепката која ќе се одржи во среда, со почеток од 12 часот во Белград а градови домаќини на ова Европско првенство покрај Белград и Ниш, се и Нови Сад и Вршач.

Покрај Македонија која го доби Ниш, селекцијата на Србија со сигурност ќе игра во Белград, Унгарците за град домаќин ќе го имаат Нови Сад, а Хрватска ќе игра во Вршач, а главна причина за ова е намалување на финансиските трошоци на земјите кои се граничат со Србија.

        

Македонија со победа го потврди пласманот на ЕП 2012 во Србија

Машката македонска ракометна репрезентација славеше во последниот квалификациски натпревар, против селекцијата на Босна и Херцеговина со 25:19 и го потврди пласманот на ЕП 2012 година во Србија.
Во рамките на групата 1 од квалификациите, нашата селекција го освои второто место, со оглед на тоа што убедливо прва беше Унгарија со 12 освоени поени, додека нашите момци освоија 7 поени.

Натпреварот против Босна беше воглавно ревијален со оглед на тоа што се беше јасно уште пред истиот да започне. Борко Ристевски со 20 одбрани беше еден од најзаслужните поедници на теренот, додека синот на најголемата легенда во ракометот Пепи Манасков, Дејан успеа во својот деби настап да постигне и еден погодок.

Сега останува нашите момци да се подготват најдобро што знаат и умеат, се надеваме дека Ракометната федерација ќе им даде фантастични услови и дека ќе ја добијат целата поддршка од сите пори на македонското општество и во Србија ќе заминат со високи цели.