Тенис


Безмилосната Шарапова лета кон нова титула на Вимблдон

Поранешната најдобра тенисерка, моментално 5. носителка на Вимблдон, Марија Шарапова по втор пат во кариерата се пласираше во големото финале на неофицијалното светско тениско првенство.
Шарапова во полуфиналето славеше над 62. на светската ранг листа Забине Лисицки од Германија со 6:4 и 6:3 и со тоа го прекина победничкиот пат на најголемото изненадување кај дамите. Шампионката од 2004. година е на само уште една победа од втората титула на еден Грен слем турнир.

Во големото финале во Лондон, Марија ќе се сретне со Петра Квитова, Чехињата во битката за финалето ја елиминираше Викторија Азаренка од Белорусија со победа во три сета.



Надал со 3:1 до полуфинале на Вимблдон


Првиот носител и најголем фаворит за освојување на Вимблдон, Рафаел Надал славеше со 3-1 во четвртфиналниот натпревар против десеттиот носител Марди Фиш и со тоа се најде во топ 4 на неофицијалното светско тениско првенство.
Со оваа победа шпанскиот ас продолжува кон патот на одбрана на титулата од минатата година и кон стремежот да го освои петтиот Грен Слем од последните шест можни, единствено не успеа да го освои Австралија Опен на стартот од оваа година.


Во 173. минути поминати на теренот, Рафа се справи со американецот со само 13 неизнудени грешки, наспроти 27 на противникот, а во битка за финалето Шпанецот ќе се сретне со домашниот миленик Енди Мариј, кој повторно ќе се обиде да ја помине британската тениска болка, да го помине полуфиналето на Вимблдон.

Федерер се прости од Вимблдон, Цонга со фантастичен пресврт

Рекордерот по бројот на освоени титули во Грен Слем серијата, Роџер Федерр е елиминиран од Вимблдон, откако денес загуби од Цонга со 3-2, во натпревар кој донесе одличен пресврт по водството на Федерер од 2-0 по сетови.
По освојувањето на првите два сета, Роџер се опушти и беше казнет од моќната игра на французинот. Швајцарецот направи двојно повеќе днеизнудени грешки а вкупно играта во последните 3 сета му беше неуверлива.

Токму поради тоа, ова е втора година во која Роџер Федерер е елиминиран во 1/4-финалето на Вимблдон, додека Цонга во полуфиналниот дуел ќе се сретне со вториот носител Новак Ѓоковиќ.

Ова е уште еден турнир во кој Федекс останува без трофеј, неговиот последен освоен пехар од турнир во Грен Слем серијата датира од Австралија Опен во 2010 година.


Ѓоковиќ го сопре сензационалниот Томиќ

Новак Ѓоковиќ е првиот полуфиналист во машкиот дел на Вимблдон, откако србинот во 1/4-финалето го совлада сензационалниот Бернанрд Томиќ со 3-1 по сетови.
Вториот носител на турнирската шема имаше потешкотии од Австралиецот, чија игра на Вимблдон беше речиси сензационална, доколку се има во предвид дека е само 158. на АТП листата.

Ноле направи брејк уште на стартот по што поведе со 2-0 па следеа неколку гема во кои двајцата тенисери ги добиваа гемовите на сопствен сервис за да Ноле искористи уште еден брејк на крајот и да поведе со 1-0 по сетови.

Во вториот сет се случи спротивното, па Томиќ успеа да изедначи на 1-1 по сетови, но србинот докажа дека е доста поквалитетен и ја покажа својата класа во последните 2 сета кои ги доби во своја полза и се пласираше во полуфиналето.


Шарапова ја декласираше Цибукова и е во полуфинале

Русинката Марија Шарапова ја декласираше Доменика Цибукова во четвртфиналниот натпревар на Вимблдон, победувајќи ја словакињата со 6:1 и 6:1 за точно 60 минути игра.
Откако претходно изненадувачки ја совлада Каролине Возниаги, Цибукова не успеа да го повтори истото против русинката. Шарапова ја зеде иницијативата во свои раце од самиот старт и не дозволи да ја изгуби ниту во еден миг.

Под покривот на централниот терен, русинката имаше три брејка над 23. носителка доминирајќи со перфектна игра од основната линија. Во вториот дел Марија исто така дојде до три брејка и го освои натпреварот во 60 минути игра.

Во полуфиналето, петтата носителка ќе се сретне со германката Сабине Лисицки, која на големо изненадување се најде во полуфиналето, откако ја совлада Марион Бартоли.