12:30 - Тренерот на Марсеј, Дидие Дешамп вели дека тие сеуште не добиле понуда од Арсенал за услугите на Матеу Валбуена. 12:20 - Skysports.com објави дека Астон Вила ја предводи трката за потписот на Шарл Н’Зогбиа од Виган. 12:16 - Маурицио Зампарини вели дека Интер успеал да го престигнеАрсенал во трката за потписот на Рики Алварез од Велез Сарсфилд.(целата сторија) 12:09 - 16 годишниот напаѓач Кулибали, кој блеска со игрите во дресот наБрегот на Слоновата Коска на Светското Првенство за фудбалери за 17 години признава дека е поласкан од извештаите кои велат дека Жозе Мурињо пројавува интерес за неговите услуги. 12:02 - Според медиумите од Италија, елипат ана Џенова е блиску до ангажман на Емилиано Вивиано од Интер. 11:55 - Менаџерот на Болтон, Овен Којл вели дека нема конкретна понуда за услугите на дефанзивецот Гери Кејхил, кој се поврзува соАрсенал, Челзи, Манчестер Сити и Тотенхем. 11:45 - Извештаите што пристигнуваат од Германија, велат дека Баерн Минхен би можел да достави нова подобрена понуда до Манчестер Ситиза услугите на Жером Боатенг. 11:38 - Валенсија се обидува да го убеди Педро Леон да го напуштиСантијаго Бернабеу и да се пресели на Местаља. Се верува дека Лос Че веќе има договор со Реал за трансфер на шпанскиот интернационалец вреден од 8 до 10 милиони евра. 11:30 - Виган постигна договор со Болтон за ангажман на голманот Али Ал Хабси во трансфер вреден околу 4 милиони фунти. 10:47 - Sky Sports дознава дека Гаел Клиши денеска треба да ги помине медицинските тестови во Манчестер Сити. (целата сторија) 10:45 - Цеск Фабрегас и Самир Насри се враќаат во Лондон за почетокoт на подготовките за новата сезона но медиумите се убедени декаАрсенал ќе остане без дуото. (целата сторија) 09:34 - Левиот бек на Челзи, Ешли Кол вели дека не размислувал за заминување од Стемфорд Бриџ ова лето демантирајќи ги шпекулациите кои го поврзуваа со Реал Мадрид. (целата сторија) 08:53 - Флорен Малуда очекува да остане во Челзи и под водство наАндре Вилаш Боаш, Французинот уште еднаш истакна дека посакува да го продолжи договорот со Сините. (целата сторија) 08:48 - Информациите од Италија велат дека Удинезе ќе тргне по услугите на Џовани Дос Сантос од Тотенхем во кого гледаат замена за Алексис Санчез кој би требало да се пресели во Барселона. 08:30 - Агентот на Валери Божинов потврди дека напаѓачот на Парма е во преговори за трансфер во Спортинг Лисабон.08:28 - Официјално: Гетафе го купи младиот офанзивен фудбалер од средниор ред на Реал Мадрид, Пабло Сарабиа кој потпиша пет годишен договор со клубот. Договорот содржи и откупна клаузула според која Кралевите можат да го вратат назад. 08:25 - Официјално: Наполи го комплетираше трансферот на Блерим Џемаили од Парма. Фудбалерот кој потекнува од Македонија го чинешеНаполи 9 милиони евра, како дел од овој трансфер во Парма се испратениБласи (перманентен трансфер) и Сантакроче (позајмица). |
14:35 - Последните шпекулации кои го поврзуваат Цеск Фабрегас со преселба во Барселона велат дека капитенот на Арсенал го ставил на продажба својот дом во Лондон и со тоа индицира дека не планира следната сезона да игра на Емирати Стадионот.
14:22 - Marca објави дека Челзи го посакува дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе. ’Сините’ се подготвени да му понудат на португалскиот интернационалец пегдоишен договор вреден 5 милиони евра по сезона.
14:10 - Спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини инсистира декаДаниеле Де Роси и Марко Бориело нема да бидат продадени но потврди дека Мирко Вучиниќ доставил барање за трансфер.
13:57 - Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на Пабло Сарабиа во Гетафе. Кралевите исто така си обезбеди опција да го вратат фудбалерот на Сантијаго Бернабеу.
13:40 - El Mundo Deportivo вели дека Барселона и Удинезе се договориле за трансферот на Алексис Санчез - 26 милиони евра плус додатни 11 милиони евра во бонуси. Но според медиумите од Италија, Удинезе сака сумата на додатните бонуси да биде помала а првичната исплата да вреди повеќе.
13:33 - Лацио и Галатасарај се блиску до размена на Фернандо Муслера и Лорик Чана. Бјанкочелестите од целата зделка ќе инкасираат и три милиони евра.
13:25 - Според медиумите од Италија, Милан би можел да се насочи конКлаудио Маркисио од Јувентус со оглед на високите барања на Наполиза услугите на Марек Хамшик.
13:16 - Интер е многу блиску до ангажман на Рики Алварез од Велез Сарсфилд. (целата сторија)
13:00 - Роберто Манчини потврди дека Карлос Тевез и следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити. (целата сторија)
12:36 - Кристијано Вели дека доколку Мурињо заминел во Челзи ова лето, тој веројатно ќе се преселел во Манчестер Сити. Па потврди дека додека Жозе е на клупата на Кралевите и тој сигурно останува на Бернабеу. (целата сторија)
11:53 - Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини вели дека трансферот на Црногорецот, Стефан Савиќ во Манчестер Сити одПартизан е веќе договорен. (целата сторија)
11:35 - Според некои англиски медиуми, Тотенхем се интересира за фудбалерот на Барселона, Бојан Крикиќ кој силно се поврзуваше со заминување во Рома.
11:32 - Самир Насри кој се поврзува со заминување од Арсенал вели дека парите не му се важни, сака да игра во клуб кој може да освојува трофеи.14:22 - Marca објави дека Челзи го посакува дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе. ’Сините’ се подготвени да му понудат на португалскиот интернационалец пегдоишен договор вреден 5 милиони евра по сезона.
14:10 - Спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини инсистира декаДаниеле Де Роси и Марко Бориело нема да бидат продадени но потврди дека Мирко Вучиниќ доставил барање за трансфер.
13:57 - Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на Пабло Сарабиа во Гетафе. Кралевите исто така си обезбеди опција да го вратат фудбалерот на Сантијаго Бернабеу.
13:40 - El Mundo Deportivo вели дека Барселона и Удинезе се договориле за трансферот на Алексис Санчез - 26 милиони евра плус додатни 11 милиони евра во бонуси. Но според медиумите од Италија, Удинезе сака сумата на додатните бонуси да биде помала а првичната исплата да вреди повеќе.
13:33 - Лацио и Галатасарај се блиску до размена на Фернандо Муслера и Лорик Чана. Бјанкочелестите од целата зделка ќе инкасираат и три милиони евра.
13:25 - Според медиумите од Италија, Милан би можел да се насочи конКлаудио Маркисио од Јувентус со оглед на високите барања на Наполиза услугите на Марек Хамшик.
13:16 - Интер е многу блиску до ангажман на Рики Алварез од Велез Сарсфилд. (целата сторија)
13:00 - Роберто Манчини потврди дека Карлос Тевез и следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити. (целата сторија)
12:36 - Кристијано Вели дека доколку Мурињо заминел во Челзи ова лето, тој веројатно ќе се преселел во Манчестер Сити. Па потврди дека додека Жозе е на клупата на Кралевите и тој сигурно останува на Бернабеу. (целата сторија)
11:53 - Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини вели дека трансферот на Црногорецот, Стефан Савиќ во Манчестер Сити одПартизан е веќе договорен. (целата сторија)
11:35 - Според некои англиски медиуми, Тотенхем се интересира за фудбалерот на Барселона, Бојан Крикиќ кој силно се поврзуваше со заминување во Рома.
11:28 - Шпакулациите велат дека Валенсија и Јувентус се во трка по услугите на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, трансферот би изнесувал околу 14 милиони фунти.
11:25 - Претседателот на Виган, Даејв Велан потврди дека клубот е во преговори за фудбалерот на Манчестер Сити, Шон Рајт Филипс.
15:05 - Sky Sports News објави дека Арсенал е во преговори соСаутемптон за трансферот на 17 годишниот Алекс Окслејд Чемберлејн.
14:52 - Интер официјално потврди дека е раскинат договор на Леонардо.(целата сторија)
14:40 - Јувентус го комплетираше трансферот на Стефан Лихштајнер одЛацио. (целата сторија)
14:25 - Skysports.com пишува дека Андре Вилаш Боаш како еден од приоритетите за летниот трансфер пазар зацртал ангажман на централен дефанзивец од Британија. Се шпекулира со имињата на Гери Кејхил одБолтон и Стив Дан од Бирмингем.
14:12 - На првиот ден од летниот трансфер период, Интер потврди дека во целост е откупен договорот на Нагатомо, кој во претходните шест месеци настапуваше на Џузепе Меаца како позајмен фудбалер од Чезена.
14:05 - Хулк вели дека останува во Порто. (целата сторија)
14:00 - Il Messaggero пишува дека голманот на Рома, Александер Донисега е подготвен да прифати преселба во Ливерпул откако тимот одЕнфилд доставил подобра понуда и плата од 1,5 милиони евра по сезона.
13:48 - Екипата на Генк побарала од Атлетико Мадрид 10 милиони евра за трансфер на голманот Тибо Куртоа. 19 годишниот интернационалец на Беглија важи за голем талент и на Висенте Калдерон треба да биде замена за Давид Де Геа, кој се пресели во Манчестер Јунајтед.
13:30 - Skysports.com објави дека ПСЖ доставил понуда од 13,5 милиони фунти за плејмејкерот на КПР, Адел Тарабт.
13:18 - AS пишува дека талентираниот фудбалер на Реал Мадрид, Пабло Сарабиа ќе се пресели во Гетафе. Вредноста на трансферот ќе изнесува околу 3 милиони евра а Реал ќе има опција да го откупи договорот на фудбалерот, практика применувана за сите талентирани млади фудбалери.
13:03 - Дани Алвес на својот Твитер профил соопшти дека не разговарал со Нејмар за иднината на напаѓачот на Сантос. Вчера, Marca објави декаНејмар на Дани Алвес му соопштил дека нема да се пресели воБарселона бидејќи сака да игра во Реал Мадрид.
12:52 - Од таборот на Удинезе велат дека сеуште не е постигнат договор за трансфер на Алексис Санчез. (целата сторија)
12:40 - Извештаите што пристигнуваат од Италија велат дека претседателот на Џенова, Енрико Прециози имал средба со директорите на Интер на која било разговарано за трансфер на Родриго Паласио. Прециози посакува како дел од зделката да го добие Горан Пандев но најверојатно ќе треба да се задоволи со услугите на Мекдоналд Марига.
12:25 - Марчело Липи вели дека сака да се врати во фудбалот и да превземе некоја селекција или клуб надвор од Италија. (целата сторија)
12:10 - Директорот на Јувентус, Бепе Марота ги откри плановите за настап на трансфер пазарот ова лето. (целата сторија)
12:00 - Наполи го комплетираше трансферот на Блерим Џемаили одПарма. Во исто време Наполи на Парма го продаде Мануеле Бласи аФабиано Сантакроче ќе настапува на Енио Тардини како позајмен фудбалер следната сезона.
11:53 - El Mundo Deportivo пишува дека фудбалерот на Херкулес, Кико Фемениа денеска треба да пристигне во Барселона на лекарски прегледи со актуелниот шампион на Шпанија.
11:45 - Таткото на Никлас Бендтнер вели дека голем број на клубови се интересираат за услугите на напаѓачот на Арсенал.
11:34 - Ливерпул е последниот клуб што пројавува интерес за 16 годишниот напаѓач на Кан, М’Баје Нианг.
11:25 - Агентот на Хосе Анхел вели дека Рома е во пол-позиција за ангажман на талентираниот дефанзивец на Спортинг Хихон.
11:12 - Себастиан Ларсон и официјално го комплетираше трансферот воСандерленд како слободен агент, откако вчера истече неговиот договор со Бирмингем.
11:00 - Според медиумите од Англија, Фил Невил наскоро ќе стави потпис на нов двегодишен договор со Евертон.
10:05 - Гансо вели дека во моментов нема ништо конкретно со Милан но признава дека е привлечен од идејата да игра во Италија.
09 -55 - Гонзало Игуаин вели дека планира да остане во Реал Мадрид и да освои уште многу трофеи. (целата стирија)
09:40 - Претседателот на Сантос истакна дека тие нема да преговараат заНејмер и напаѓачот нема да го напушти клубот.
09:30 - Пиерсилвио Берлускони, синот на сопственикот на Милан Силвио Берлускони, вели дека неговиот сон е ангажман на Андрес Иниеста одБарселона.
09:18 - Според Daily Mail, Тотенхем е подготвен да го обнови интересот заЏузепе Роси откако Барселона се откажа од обидите за ангажман на италијанскиот интернационалец.
09:10 - Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола вели дека тие сеуште немаат добиено соодветна понуда за услугите на Мишел Бастос, кој е цел на Јувентус.
09:00 - Џенардо Гатузо, кој е цел на Анжи, уште еднаш повтори дека е среќен на Сан Сиро и ќе остане во Милан.
08:50 - Жервињо вели дека само уште неколку детали го делат до комплетирање на трансферот во Арсенал.
08:32 - Daily Star пишува дека Челзи подготвува понуда за дефанзивецот на Интер, Лусио.
08:27 - Њукасл потпиша пет годишен договор со тинејџерот на Ленс, Мехди Абеид.
Секој ден, до крајот на летниот преоден рок на 24fudbal.com.mk на едно место ќе можете да ги следите сите актуелни информации поврзани со летниот трансфер период, трансфери, шпекулации, изјави... | |
20:40 - Екипата на Ајакс негира дека Римската Волчица доставила понуда за услугите на голманот Мартен Стекеленбург и покрај тоа што медиумите од Италија шпекулираат дека двата клуба се многу блиску до постигнување согласност за трансфер вреден нешто под 10 милиони евра. 20:30 - Хамшик вели дека е среќен во Наполи но е подготвен да ги разгледа сите понуди што ќе пристигнат на негова адреса. 20:25 - Крег Гарднер го комплетираше трансферот од Бирмингем воСандерленд и стана третото засилување на ’Црните Мачки’ по Конор Викам и Џи Донг-Вон. 20:20 - Диего Форлан вели дека има уште две години од договорот соАтлетико Мадрид и планира да остане на Висенте Калдерон. 20:12 - Деми де Зеув преку својот Твитер профил соопшти дека се селиво Спартак Москва откако клубот од Русија ги договорил деталите со Ајакс за неговиот трансфер. 20:05 - Агентот на Единсон Кавани ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваа неговиот клиент со преселба во Манчестер Јунајтед. 18:17 - Последните информации од англиските медиуми велат дека фудбалерите на Арсенал, Гаел Клиши и Самир Насри се блиску до потпис со Манчестер Сити. 14:35 - Агентот на Денилсон вели дека не е запознаен со интересот наМилан за услугите на неговиот клиент. 14:22 - Фабрицио Миколи ќе одржи клучни преговори со лидерите наПалермо пред да одличи дали да остане или пак да замине од клубот. 14:10 - Лацио нема да дозволи напаѓачот Серхио Флокари да се пресели во Парма на позајмица. 13:53 - Тренерот на Лил, Руди Гарсија вели дека не разбира зошто Еден Хазард би посакал трансфер во ПСЖ. 13:48 - Агентот на Горан Пандев, Карло Палавичино вели дека не знае ништо за можна трампа помеѓу Интер и Рома во која ќе бидат инволвираниМирко Вучиниќ и Горан Пандев. 13:41 - Одил Ахмедов вели дека скаути на Арсенал ги следат неговите игри. (целата сторија) 13:30 - Екипата на Евертон очекува Џосеф Јобо да го комплетира трансферот во Фенербахче во следните неколку дена. 10:45 - Арсенал би можел да се насочи кон Стефан Савиќ од Партизандоколку пропадната преговорите со Болтон за трансфер на Гери Кејхил. 10:30 - Клубот од МЛС првенството, Торонто ФК ги ангажираше ветераните Торстен Фрингс и Дени Коверманс. 10:23 - Екипата на Јувентус е последниот клуб од Серија А што се поврзува со ангажман на десниот бек на Сантос, Данило. 10:15 - Н’Зогбиа би можел да биде нов фудбалер на Астон Вила. Тимот од Вила Парк е подготвен да одвои 10 милиони евра за францускиот интернационалец. 10:00 - Младиот напаѓач од Мексико, Антонио Педроза вели декаТотенхем постигнал договор со Јагуарес за негов трансфер на Вајт Харт Лејн. 09:29 - Corriere dello Sport пишува дека Адриано Галијани веќе започнал обиди за ангажман на Самир Насри и францускиот интернационалец би можел да биде ’Господинот Х’ кој планира да го ангажира Милан.Весникот додава дека Росоњерите за потписот на Насри ќе се борат со градскиот ривал Интер. (целата сторија) 09:17 - Нани уште еднаш ја повтори желбата да остане во Манчестер Јунајтед и покрај шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер воБарселона. 09:11 - Според пишувањата на мадридска Marca, Нејмар му соопштил наДани Алвес дека ќе игра во Реал Мадрид. Дефанзивецот на Барса го запрашал својот сонародник дали ќе играат заедно на Камп Ноу по што напаѓачот на Сантос одоговорил: “Не знам ништо за Барселона. Следната година ќе играм за Реал Мадрид.” 09:05 - Извештаите што пристигнуваат од Италија велат дека Мурињо му испратил смс порака на Маикон во која го повикал десниот бек на Интерда му се придружи на Сантијаго Бернабеу. 08:59 - Daily Star шпекулира дека и Гаел Клиши ќе го напушти Арсенал,Тhe Independent пишува дека бекот е подготвен да се пресели воМанчестер Сити за трансфер вреден 7 милиони фунти. Но некои медиуми сугерираат дека Манчини посакува да го донесе Лејтон Бејнс воМанчестер Сити. 08:39 - Младиот мексикански напаѓач, Антонио Педроза објави дека е постигнат договор за негов трансфер во Тотенхем од Јагуарес, клуб каде што настапува во родната земја.08:35 - Daily Star објавува дека Арсенал е подготвен попрво да го продаде Самир Насри отколку да ги прифати неговите барања за плата. Се шпекулира дека Манчестер Јунајтед ќе испрати понуда од 20 милиони фунти, а интерес има и од Сити. |