Friday, July 1, 2011

Трансферот на Роси во Барса пропадна

Преговорите помеѓу Барселона и Виљареал за трансфер на Џузепе Роси пропаднаа заради високата трансфер сума, потврди агентот на фудбалерот. 

Федерико Пасторело, агентот на Џузепе Роси потврди дека Каталонците се откажале од 24-годишниот напаѓач заради високата трансфер сума.

Шпанските медиуми претходно јавија дека Виљареал ја одби понудата од Барселона, а се шпекулираше дека тие понудиле 17 милиони евра и дополнителни бонуси со што вкупната сума би можела да достигне до 27 милиони, но челниците на Виљареал не сакале да попуштат под 30 милиони евра.

„Роси постигна 33 голови минатата сезона и има други заинтересирани страни за него. Не е исклучено и дека ќе остане уште една година во Виљареал“, изјави Пасторело.

Сепак трансферот не пропадна само поради високата сума, туку и поради тоа што Каталонците се одлучиај да се насочат кон играчот на Удинезе, Алексис Санчез.

No comments:

Post a Comment