Friday, July 1, 2011

Бурдисо: Пасторе сака да се пресели во Рома

Плејмејкерот е цел на голем број клубови и од таборот на Палермо пред два дена истакнаа дека шансите за Пасторе да остане во клубот се само 10%.

Претседателот на Сицилијанците, Маурицио Зампарини исто така нагласи дека клубовите од Италија не можат да си го дозволат Пасторе па очекува фудбалерот да се пресели во странство.

Екипата на Рома е еден од клубовите од Серија А што го посакува Пасторе но спортскиот директор на Римската Волчица, Валтер Сабатини во неколку наврати истакна дека Палермо побарува премногу за услугите на аргентинецот.

Сепак, дефанзивецот на Римската Волчица, Николас Бурдисо вели дека Пасторе сака да се пресели во Рим и се надевам дека неговиот сонародник ќе заигра на Олимпико Стадионот.

За Il Romanista Бурдисо рече: “Разговарав со него и тој ми кажа дека сака да дојде во Рома. Но работите не зависат само од него.”

“Не знам колкава е неговата цена, но тој е навистина силен фудбалер. Го има правиот менталитет и сеуште може да забележи голем напредок.”

“Тој добро се прилагоди на фудбалот во Италија и може да биде од голема корист за нас.”

No comments:

Post a Comment