По крајот на минатата сезона, премногу се говори за иднината на Цеск Фабрегас и Самир Насри и двајцата фудбалери се поврзуваат со заминување од Емирати Стадионот. Но до овој момент не е договорен нивниот трансфер па дуото денеска ќе се врати во Лондон за утрешниот старт на подготовките за новата сезона. Фабрегас ќе замине на фитнес тестови со цел да се утврди дали Шпанецот ќе може да започне со тренинзи додека пак Насри ќе одржи преговори со Арсен Венгер на кои дефинитивно ќе се одлучи за иднината на французинот. Медиумите остануваат убедени дека Фабрегас и Насри многу наскоро ќе заминат од Лондон. Се говори дека следната дестинација на Насри ќе биде Манчестер каде што екипите на Јунајтед и Сити пројавуваат интерес за неговите услуги. Исто така има извештаи кои велат дека Арсен Венгер не сака да го продаде Насри на ривал од Премиер Лигата па можно е францускиот интернационалец да биде понуден на клубови од Италија и Шпанија. Што се однесува до Фабрегас, сите очекуваат неговиот долго предвидуван трансфер во Барселона да се реализира во следните неколку дена односно пред Арсенал да замине на турнеја во далечниот исток. ’Топџиите’ веќе одбија една понуда од Барса вредна 27 милиони фунти а актуелниот шампион на Шпанија ќе достави нова понуда со надеж дека целиот трансфер ќе се реализира за 35 милиони фунти. Во меѓувреме, медиумите велат дека Гаел Клиши е пред трансфер во Манчестер Сити а Арсен Венгер би можел да се обиде да го ангажира Кевин Дојл од Вулверхемтон. |
Monday, July 4, 2011
Фабрегас и Насри се враќаат во Лондон но дали ќе останат во Арсенал?
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment