Friday, July 1, 2011

Прециози: Паласио може во Интер, само доколку Пандев дојде во Џенова


Откако Гасперини седна на кормилото на Интер, Паласио почна да се поврзува со трансфер на Џузепе Меаца.Се говори за размена во која Паласио би заминал во Интер, а Горан Пандев во Џенова.
Престедателот на Џенова вели дека Паласио би заминал во Интер само доколку Пандев дојде во неговиот тим иако нашиот репрезентативец не сака да слушне за преселба во овој клуб.
"Вистина е, Интер се интересираат за Паласио, па ќе видиме дали ќе успееме да го финализираме овој договор или не" - изјави Прециози за Radio Radio.
"Веќе зборувавме за тоа и јас нема да го продадам Паласио само за Пари. Доколку Пандев прифати трансфер во Џенова, може да се реализира зделката. Доколку не, тогаш Паласио ќе остане со нас".
"По Алексис Санчез, мислам дека Родриго е најдобар играч на таа позиција во Италија во моментов".
Се споменуваат и други опции за Џенова, но Прециози го посакува исклучиво Пандев и никој друг.
"МекДоналд Марига е многу добар фудбалер, но веќе го имам Јурај Куцка и само што го купивме Кевин Констант".
"Емилиано Вивиано не е на нашата листа на желби. Едуардо е прв избор за голман, доколку тој замине имаме други опции како Марко Сторари, Себастијан Фреј или некој странски голман".
 

No comments:

Post a Comment