Италијанскиот гигант Рома подготви понуда за холандскиот национален голман Мартен Стекеленбург, соопштува „Кориере дело Спорт“.
Спортскиот директор на „волчицата“ Валтер Сабатини веќе бил готов да резервира авионски билет до Амстердам, каде ќе ги прецизира деталите за трансферот. Од Рома меѓутоа сакаат прво да се договори со агентот на Холанѓанецот, па потоа да се договорат со Ајакс.
Според шпекулациите, од „Олимпико“ биле подготвени да платат 7 милиони евра за Стекеленбург, додека холандскиот гигант држел на цена од 10 милиoна. Сепак од ден на ден се чини дека трансферот на светскиот вицешампион со „лалињата“ од СП 2010 се повеќе се приближува кон реалноста.

No comments:
Post a Comment