Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард верува дека мерсисајдците мнобу брзо ќе станат шампиони, со оглед на тоа што клубот конечно почнал да се движи во вистинска насока и е само прашање на време кога повторно ќе започне да освојува трофеи.
Приврзанците на црвените беа исклучително ранети од фактот што големиот ривал Манчестер Јунајтед го претекна Ливерпул по бројот на освоени титули, станувајќи шампион по рекорден 19. пат во текот на изминатата сезона. Фановите од „КОп“ сепак веруваат дека мерсисајдците можат да ја освојат титулата во текот на наредната сезона.
„Она што можам да им го кажам на фановите е дека Ливерпул наскоро ќе почне повторно да освојува трофеи, бидејќи ние тргнавме во вистинската насока. Имаме фантастични играчи, структурата во клубот е јака во сите нивоа па се е спремно за повторно да почнеме да освојуваме титули“, верува Џерард

No comments:
Post a Comment