| Екипата на Палермо во јануари беше во преговори за ангажман на Рики Алварез но Сицилијанците тогаш не успеаа да го договорат трансферот. Тимот од Ренцо Барбера ова лето исто така пројави интерес за услугите на плејмејкерот но се откажа од намерата да го ангажира плејмејкерот откако Арсенал достави понуда. Претседателот на Палермо минатата недела истакна дека ’Топџиите’ веќе го имаат договорено трансферот на Рики Алварез но Маурицио Зампарини сега вели дека екипата на Интер е најблиску до потписот на аргентинецот. “Бевме блиску до ангажман на Рики Алварез за цена двојно помала од онаа што сега ќе биде платена за него но моите колеги се опуштија и не успеавме да постигнеме согласност.” – рече Зампарини за Sky Italia. “Каде ќе се пресели тој? Требаше да потпише за Арсенал но Интер во последен момент достави понуда и мислам дека Нероаѕурите ќе го добијат Алварез.” Од таборот на Велез потврдија дека неколку екипи се во трката за потписот на плејмејкерот. “Рики Алварез би можел да се пресели во Англија или Италија, бидејќи сме во преговори со неколку клубови од овие две земји.” “Се додека не се потпишат документите, ништо не е потврдено, но многу клубови пројавуваат интерес: на пример, Интер, Рома и Арсенал.” Медиумите од Италија се убедени дека Интер ќе ја добие трката за потписот на Рики Алварез и очекуваат наскоро да пристигне потврда за зделката. |
Monday, July 4, 2011
Зампарини: Интер е блиску до ангажман на Рики Алварез
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment