Monday, July 4, 2011

Трансфер вести


12:30 - Тренерот на Марсеј, Дидие Дешамп вели дека тие сеуште не добиле понуда од Арсенал за услугите на Матеу Валбуена.
12:20 - Skysports.com објави дека Астон Вила ја предводи трката за потписот на Шарл Н’Зогбиа од Виган.
12:16 - Маурицио Зампарини вели дека Интер успеал да го престигнеАрсенал во трката за потписот на Рики Алварез од Велез Сарсфилд.(целата сторија)

12:09 - 16 годишниот напаѓач Кулибали, кој блеска со игрите во дресот наБрегот на Слоновата Коска на Светското Првенство за фудбалери за 17 години признава дека е поласкан од извештаите кои велат дека Жозе Мурињо пројавува интерес за неговите услуги.
12:02 - Според медиумите од Италија, елипат ана Џенова е блиску до ангажман на Емилиано Вивиано од Интер.
11:55 - Менаџерот на Болтон, Овен Којл вели дека нема конкретна понуда за услугите на дефанзивецот Гери Кејхил, кој се поврзува соАрсенал, Челзи, Манчестер Сити и Тотенхем.
11:45 - Извештаите што пристигнуваат од Германијавелат дека Баерн Минхен би можел да достави нова подобрена понуда до Манчестер Ситиза услугите на Жером Боатенг.
11:38 - Валенсија се обидува да го убеди Педро Леон да го напуштиСантијаго Бернабеу и да се пресели на Местаља. Се верува дека Лос Че веќе има договор со Реал за трансфер на шпанскиот интернационалец вреден од 8 до 10 милиони евра.
11:30 - Виган постигна договор со Болтон за ангажман на голманот Али Ал Хабси во трансфер вреден околу 4 милиони фунти.
10:47 - Sky Sports дознава дека Гаел Клиши денеска треба да ги помине медицинските тестови во Манчестер Сити. (целата сторија)

10:45 - Цеск Фабрегас и Самир Насри се враќаат во Лондон за почетокoт на подготовките за новата сезона но медиумите се убедени декаАрсенал ќе остане без дуото. (целата сторија)

09:34 - Левиот бек на Челзи, Ешли Кол вели дека не размислувал за заминување од Стемфорд Бриџ ова лето демантирајќи ги шпекулациите кои го поврзуваа со Реал Мадрид. (целата сторија)
08:53 - Флорен Малуда очекува да остане во Челзи и под водство наАндре Вилаш Боаш, Французинот уште еднаш истакна дека посакува да го продолжи договорот со Сините. (целата сторија)
08:48 - Информациите од Италија велат дека Удинезе ќе тргне по услугите на Џовани Дос Сантос од Тотенхем во кого гледаат замена за Алексис Санчез кој би требало да се пресели во Барселона.
08:30 - Агентот на Валери Божинов потврди дека напаѓачот на Парма е во преговори за трансфер во Спортинг Лисабон.08:28 - Официјално: Гетафе го купи младиот офанзивен фудбалер од средниор ред на Реал Мадрид, Пабло Сарабиа кој потпиша пет годишен договор со клубот. Договорот содржи и откупна клаузула според која Кралевите можат да го вратат назад.
08:25 - Официјално: Наполи го комплетираше трансферот на Блерим Џемаили од Парма. Фудбалерот кој потекнува од Македонија го чинешеНаполи 9 милиони евра, како дел од овој трансфер во Парма се испратениБласи (перманентен трансфер) и Сантакроче (позајмица).
 

No comments:

Post a Comment