Saturday, July 2, 2011

Нејмар: Сакам да го испочитувам договорот со Сантос

Бразилскиот интернационалец е мета на голем број клубови и се шпекулира дека Челзи, Манчестер Сити, Барселона, Реал Мадрид и Анжи се подготвени да ја платат откупната клаузула во договорот на напаѓачот вредна 45 милиони евра.

Но вчера од таборот на Сантос порачаа дека тие не сакаат да го продадат Нејмар а се огласи и агентот на фудбалерот кој истакна дека Нејмар посакува да настапува на Светското Клубско Првенство со Сантос.

Ви интервју за емисијата Corujao de esporte што се емитува на Globo TVНемјар сега истакна дека планира да го испочитува договорот со Сантос.

“Имам договор со Сантос и мојата намера е да го испочитувам во целост.” – рече Нејмар.

За Светското Клубско Првенство што во декември ќе се одигра во Јапонија, Нејмар рече: “Ќе играме во полу-финалето а потоа имаме потенцијална средба со Барселона.”

“Тоа ќе биде многу опасен натпревар и мораме да останеме фокусирани.”

“Барселона е многу добар тим со Лионел Меси, Дани Алвес. Момците се вонземјани, најдобрите во светот и ќе ми биде чест да се сретнам со нив.”

“Меси е најдобриот фудбалер и не можете да го оспорите тоа. Тој е на врвот. Вториот и третиот најдобар фудбалер се далеку зад него. Ќе работам напорно за да бидам како него.”

No comments:

Post a Comment