Saturday, July 2, 2011

Наполи: Интер има прва опција при евентуална продажба на Хамшик


Интернационалецот од Словачка силно се поврзува со трансфер во Милан ова лето и медиумите велат дека Хамшик е ’Господинот Х’ кој го посакуваат лидерите на Росоњерите.
Самиот Хамшик призна дека е отворен за преселба на Сан Сиро но Наполи не сака да слушне за продажба на плејмејкерот.

Во интервју за Corriere dello Sport, Аурелио Де Лаурентис сега вели дека Хамшик вреди 100 милиони евра.

Претседателот на Наполи исто така го предупредува Милан дека Интер има прва опција за ангажман на Хамшик доколку фудбалерот го напушти Сан Паоло.

“Тој чини 100 милиони евра.” – рече Де Лаурентис. “Можеби со некој клуб ќе пронајдеме согласност, но да започнеме преговори потребни се 100 милиони евра.”

“Покрај тоа, доколку навистина е потребно да го продадам Хамшик, ќе го понудам на Интер.”

“Адриано Галијани никогаш не ме прашал за Хамшик, додека пак Масимо Морати го стори тоа на многу културен начин.“

“Ме праша за Хамшик пред три години, а пред два месеци праша дали нешто е променето.”

“Му кажав не, но бев импресиониран од неговото однесување.”

“Му ветив на Морати дека ќе го известам доколку нешто се промени, па на некој начин Интер има морална опција за Хамшик.”
 

No comments:

Post a Comment