Friday, July 1, 2011

Жервињо пред трансфер во Арсенал

Жервињо е убеден дека следната сезона ќе го носи дресот на Арсенал, тој вели дека само детали фалат за да се пресели на Емирати.
"Го одбрав Арсенал бидејќи тоа е млада група во која би можел лесно да се вклопам" - изјави Жервињо за France Football.
"Таму би можел повеќе да се развијам. Фалат уште неколку детали за договорот да биде комплетиран".
Запрашан дали ризикува да загуби првотимски статус во Лил за место во тим каде има поголема конкуренција за местата, Жервињо рече:
"Ризик? Не. Одам во Арсенал да играм. Во фудбалот треба да превземете многу ризици доколку сакате да победувате. Одам во Арсенал да победувам".
Жервињо инсистира дека не е загрижен дали трансферот ќе се случи и покрај тоа што тој често се одложува поради преговорите помеѓу двата клуба.
"Немам двоумење. Не. Но во трансферите секогаш има период за анализа и преговори. Сите страни треба да бидат задоволени, па тие работи треба да се развијат правилно".
"Одам таму да играм, не да бидам на клупата. Арсенал ја сака играта. И јас сакам тимови кои сакаат да играат. Премиер лигата можеби е најдобрата лига во светот".

No comments:

Post a Comment