Friday, July 1, 2011

Интер официјално се раздели со Леонардо


Уште пред петнаесетина дена беше познато дека Леонардо ќе го напушти Интер откако Бразилецот доби понуда да стане директор на ПСЖ во новата ера на тимот од Париз под водство на инвеститорот од Катар.
Интер минатата недела го назначи Џанпиеро Гасперини за нов тренер па само прашање на време беше кога ќе биди раскинат договорот на Леонардо.

Официјалната потврда пристигна денес и претседателот на Интер, Масимо Морати му посака многу среќа на Леонардо во идната етап од кариерата.

“По интензивни шест месеци и освоен Куп на Италија, Интер и Леонардо го раскинаа договорот на Бразилецот на пријателска спогодба.” – гласеше соопштението на www.inter.it.

“Претседателот Масимо Морати и сите во Интер му се заблагодаруваат на Леонардо и му посакуваат се најдобро во следната етапа од неговата кариера.”

No comments:

Post a Comment