Friday, July 1, 2011

Официјално: Лихштајнер го комплетираше трансферот во Јувентус


Јувентус подолго време беше инволвиран во преговори со Лацио за трансферот на интернационалецот од Швајцарија.
На почетокот од оваа недела медиумите објавија дека двете страни конечно успеале да пронајдат согласност за комплетирање на зделката и Лихштајнер пристигна во Торино на медицински тестови.

Десниот бек денеска стави потпис на четиригодишен договор со што официјално го комплетираше трансферот во Јувентус вреден 10 милиони евра.

“Јувентус може да соопшти дека договорот со Лацио за трансфер на Стефан Лихштајнер е финализиран.” – гласеше соопштението на www.juventus.com.

“Јувентус на Лацио ќе му исплати 10 милиони евра во следните три години.”

“Фудбалерот стави потпис на четиригодишен договор со Јувентус.”
 

No comments:

Post a Comment