Monday, July 4, 2011

Ешли Кол: Не сум размислувал за трансфер во Реал Мадрид, останувам во Челзи

Ешли Кол се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид кај неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо.
Бекот на Челзи ги демантира ваквите гласини велејќи дека ова лето не помислил за заминување од Стемфорд Бриџ.
"Никогаш не сум ни помислил на тоа" - изјави Ешли Кол за Sky Sports News на прашањето за шпекулациите кои го поврзуваат со Реал Мадрид.
"Имав проблеми претходно и тогаш размислував за тоа, но оваа сезона сум добар, бев на одмор, така што не сум прочитал ништо".
Кол вели дека фудбалерите на Челзи ќе му дадат комплетна поддршка на Андре Вилаш Боаш и неговите 33 години нема да бидат проблем кога е во прашање авторитетот.
"Годините се бројка, тој има искуство во Порто, тоа е голем клуб".
"Се надеваме дека тој успех ќе го донесе и во Челзи, но не мислам дека годините значат нешто, не мислам ни дека фудбалерите размислуваат за тоа. Тој е нашиот менаџер сега и ние треба да излеземе и да се бориме за него".
"Кој менаџер и да дојде ние го почитуваме, не сме деца, сите мислат дека постои его помеѓу фудбалерите во Челзи, но тоа не е така, сега треба да профукционираме како во минатите неколку години и да освојуваме трофеи".
Кол вели дека освојување на Лигата на Шампионите е амбиција на клубот во која сеуште веруваат.
"Многу фудбалери сонуваат да ја освојат Лигата на Шампионите, јас играв во две финалиња, но се разбира сакаме да победиме, но сакаме да го освоиме и секој друг трофеј".

No comments:

Post a Comment