Неколку клубови од Серија А беа заинтересирани за услугите на Рики Алварез (Наполи, Рома и Палермо) а неодамна претседателот на Палермо соопшти дека тие се повлекуваат од обидите за ангажман на плејмејкерот со оглед на тоа дека Арсенал го има договорено трансферот на фудбалерот. Но во последниве неколку дена се шпекулираше дека Интер се обидува да го украде Рики Алварез од пред носот на ’Топџиите’ и Нероаѕурите доставиле понуда до Велез Сарсфилд. Се говори дека клубот од Аргентина ја прифатил понудата на Интер вредна околу 11 милиони евра а тимот од Сан Сиро вчера одржал преговори и со агентот на фудбалерот и била постигната согласност за петгодишен договор вреден 1,2 милиони евра. Corriere dello Sport објави дека Интер сега е многу блиску до ангажман на Рики Алварез и зделката би можела да биде соопштена во текот на наредната недела. Плејмејкерот поседува и италијански пасош па нема да го завземе местото што е резервирано за фудбалер надвор од ЕУ. |
Sunday, July 3, 2011
Интер пред ангажман на Рики Алварез од Велез Сарсфилд
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment