14:35 - Последните шпекулации кои го поврзуваат Цеск Фабрегас со преселба во Барселона велат дека капитенот на Арсенал го ставил на продажба својот дом во Лондон и со тоа индицира дека не планира следната сезона да игра на Емирати Стадионот.
14:22 - Marca објави дека Челзи го посакува дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе. ’Сините’ се подготвени да му понудат на португалскиот интернационалец пегдоишен договор вреден 5 милиони евра по сезона.
14:10 - Спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини инсистира декаДаниеле Де Роси и Марко Бориело нема да бидат продадени но потврди дека Мирко Вучиниќ доставил барање за трансфер.
13:57 - Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на Пабло Сарабиа во Гетафе. Кралевите исто така си обезбеди опција да го вратат фудбалерот на Сантијаго Бернабеу.
13:40 - El Mundo Deportivo вели дека Барселона и Удинезе се договориле за трансферот на Алексис Санчез - 26 милиони евра плус додатни 11 милиони евра во бонуси. Но според медиумите од Италија, Удинезе сака сумата на додатните бонуси да биде помала а првичната исплата да вреди повеќе.
13:33 - Лацио и Галатасарај се блиску до размена на Фернандо Муслера и Лорик Чана. Бјанкочелестите од целата зделка ќе инкасираат и три милиони евра.
13:25 - Според медиумите од Италија, Милан би можел да се насочи конКлаудио Маркисио од Јувентус со оглед на високите барања на Наполиза услугите на Марек Хамшик.
13:16 - Интер е многу блиску до ангажман на Рики Алварез од Велез Сарсфилд. (целата сторија)
13:00 - Роберто Манчини потврди дека Карлос Тевез и следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити. (целата сторија)
12:36 - Кристијано Вели дека доколку Мурињо заминел во Челзи ова лето, тој веројатно ќе се преселел во Манчестер Сити. Па потврди дека додека Жозе е на клупата на Кралевите и тој сигурно останува на Бернабеу. (целата сторија)
11:53 - Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини вели дека трансферот на Црногорецот, Стефан Савиќ во Манчестер Сити одПартизан е веќе договорен. (целата сторија)
11:35 - Според некои англиски медиуми, Тотенхем се интересира за фудбалерот на Барселона, Бојан Крикиќ кој силно се поврзуваше со заминување во Рома.
11:32 - Самир Насри кој се поврзува со заминување од Арсенал вели дека парите не му се важни, сака да игра во клуб кој може да освојува трофеи.
11:28 - Шпакулациите велат дека Валенсија и Јувентус се во трка по услугите на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, трансферот би изнесувал околу 14 милиони фунти.
11:25 - Претседателот на Виган, Даејв Велан потврди дека клубот е во преговори за фудбалерот на Манчестер Сити, Шон Рајт Филипс.

No comments:
Post a Comment