Saturday, July 2, 2011

SSN:Реал Мадрид се приклучува во трката за Цеск Фабрегас

Шпанскиот интернационалец, кој потекнува од младинската школа на Барселона, подолго време се поврзува со враќање на Камп Ноу.

Барселона минатото лето достави две понуди кои Арсенал ги одби а ’Топџиите’ истото го сторија и ова лето со воведната понуда на Барселона вредна околу 30 милиони евра.

Се најавува дека Каталонците наскоро ќе достават нова подобрена понуда која нема да биде повисока од границата од 40 милиони евра.

Според Sky Sports News во трката за потписот на Цеск Фабрегас сега се приклучува и Реал Мадрид.

Sky Sports News пренесува дека Кралскиот клуб веќе стапил во контакт со Арсенал и двата клуба одржале информативен разговор за состојбата на Фабрегас.

Извештајот вели дека Реал Мадрид го проценува Фабрегас на 50 милиони евра, што е многу поблиску до сумата што Арсенал ја побарува за својот капитен.

Со оглед на тоа дека Цеск Фабрегас има блиски односи со Барса, а Реал Мадрид е најголем ривал на Каталонците, нејасно е дали фудбалерот е подготвен да прифати преселба на Сантијаго Бернабеу.

No comments:

Post a Comment