Thursday, July 7, 2011

The Sun: Цеск Фабрегас повеќе не сака да игра за Арсенал


И покрај големиот број шпекулации за трансферот на Цеск Фабрегас во Барселона, шпанскиот интернационалец на почетокот од оваа недела се врати во Лондон за стартот на подготовките за новата сезона.
За разлика од своите соиграчи, Цеск Фабрегас тренира во теретаната со својот личен тренер и се говори дека капитенот на Арсенал веќе ја исвестил управата на клубот дека нема намера да патува на турнејата во Малезија и Кина.

Фабрегас одлучно посакува ова лето да се врати на Камп Ноу и според денешното издание на The Sun, Цеск на своите соиграчи им соопштил дека повеќе нема да игра за Арсенал.

Желбата на фудбалерот за трансфер во Барселона сеуште не може да се оствари поради неможноста на двата клуба да се договорат за висината на оштетата.

Се говори дека ’Топџиите’ посакуваат околу 45 милиони евра за трансферот на Цеск Фабрегас додека пак Барселона нуди околу 35 милиони евра.

Во меѓувреме од таборот на Каталонците велат дека нема нови информации за можен трансфер на Цеск и објаснуваат дека трансфер сагата би можела да се развлекува до последниот ден од летниот трансфер период.

Спортскиот директор, Андони Зубизарета рече. “Нема да зборуваме за ангажман на одредни фудбалери се додека зделките не бидат комплетирани. Кога се ќе биде договорено тогаш ќе проговориме.”

Потпретседателот за спорт, Хосеп Мариа Бартомеу рече: “Знаеме што имаме и што ни е потребно и зделките можеме да ги комплетираме до 31ви август.”

“Минатата година, Хавиер Маскерано пристигна во доцен август додека пак Адриано беше ангажиран на почетокот од јули.”

“Нашиот прв тим е одличен – најдобар во Европа – со одлични фудбалери и тренери.”

Мадридски AS исто така пишува за трансферот на Цеск во Барселона и вели дека Каталонците ќе го понудат Максвел како дел од целата зделка.
 

No comments:

Post a Comment