Thursday, July 7, 2011

Насри ќе му соопшти на Венгер дека сака преселба во Манчестер Јунајтед?


Насри има само уште една година од договорот со ’Топџиите’ и сеуште нема постигнато согласност за продолжување на верноста со што го привлече вниманието на голем број клубови.
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити пројавуваат интерес за услугите на плејмејкерот а во вторникот се појавија шпекулации кои велеа дека и Челзи побарал да добива информации за развојот на ситуацијата на Насри.

Утрово неколку весници објавија дека Манчестер Јунајтед доставил формална понуда вредна 20 милиони фунти која била одбиена од Арсенал и двата клуба се договориле преговорите да бидат што подалеку од јавноста.

Исто така се пишува дека Насри денеска ќе има средба со Арсен Венгер на која фудбалерот ќе ја соопшти желбата за преселба во Манчестер Јунајтед.

Венгер не сака да го продаде францускиот интернационалец на ривал од Премиерлигата па се пишува дека ’Топџиите’ ќе побараат помеѓу 25 и 30 милиони фунти што е многу голема сума за фудбалер што има само уште една година од договорот.

Менаџерот на Арсенал преферира Насри да биде продаден на клуб од странство и се верува дека Реал Мадрид, Интер и Милан внимателно го следат развојот на настаните.
 

No comments:

Post a Comment