Thursday, July 7, 2011

Аргентина повторно разочара и одигра 0-0 против Колумбија


Домакинот на Копа Америка пред почетокот на првенството важеше за голем фаворит но избраниците на Батиста сеуште се мачат со формата и можат да бидат среќни што утрово не загубија во дуелот со Колумбија.
По првичниот притисок на Арегнтина и полу-шансите на Забалета и Камбиасо, гостите беа тие што конкретно се заканија во 18та минута.
Дајро Морено одлично нафрли од левата страна но Адриан Рамос од пет метри шутираше само над голот.
Неколку минути подоцна, Колумбија имаше нова шанса по кисот на Габриел Милито и лошо вратената топка кон голманот Серхио Ромеро.
Дајро Морено имаше празен гол пред себе но некако успеа да го погоди само надворешниот дел од мрежата. При оваа шанса Николас Бурдисо можеше да добие црвен картон откако стартуваше врз Рамос во шеснаесетникот но судијата оправдано остави играта да пролдолжи со оглед на шансата која му се укажа на Дајро Морено.
Во 33та минута Аргентина ја имаше првата 100% шанса откако Меси одлично го уфрли Лавеци во шеснаесетникот, но напѓачот на Наполи биеше само во добро поставениот голман на Колумбија.
До финишот на првиот дел фудбалерите на Колумбија се заканија уште два пати со удари од далечина. Најпрво Фалкао го тестираше Ромеро а потоа добар удар упати и Морено но голманот на Аргентина беше на висината на задачата.
На стартот од второто полу-време Маскерано се закани со удар од далечина но голманот на Колумбија ја одстрани опасноста и покрај тоа што беше мошне несигурен при својата интервенција.
Фудбалерите на Аргентина продолжуваа да вршат притисокот но на Гаучосите им недостасуваше финалното додавање но покрај одлично организираната одбрана на Колумбија се мачеа да креираат прилика за удар кон голот.
Како одминуваше времето, фудбалерите на Колумбија добиваа се повеќе простор за брзи контра-напади и при една таква акција во одлична шанса се најде Армеро но левиот бек шутираше сантриметри покрај голот.
Шанса за погодок имаше и Фалкао но ударат на напаѓачот беше одбранет од Ромеро.
На 20 минути пред крајот на средбата, Батиста фрли се на една карта откако во игра влезе Гонзало Игуаин и во тој момент Аргентина имаше четири напаѓачи на теренот.
Но и ваквата тактичка поставеност не донесе посериозна шанса за Гаучосите кои до крајот на средбата се заканија само преку ударот на Игуаин но обидот на напаѓачот беше одбранет од Мартинез.
Во завршните мигови од средбата, Николас Бурдисо направи голема грешка и му укажа шанса за нововлезениот Тео Гутиерез но голманот на Аргентина одново беше на висината на задачата и без потешкотии го скроти ударот.
По крајот на средбата, фановите незадоволни од уште едната бледа партија на своите миленици почнаа да ги исвиркуваат фудбалерите на Аргентина кои со наведнати глави се упатија кон соблекувалната.

No comments:

Post a Comment