Thursday, July 7, 2011

Рене Муленстен: Снајдер би бил идеален фудбалер за Манчестер Јунајтед


Сер Алекс Фергусон е во потрага на замена за Пол Сколс, кој стави крај на својата кариера, и медиумите шпекулираа со неколку имиња помеѓу кои Лука Модриќ, Самир Насри и Весли Снајдер.
Лука Модриќ посакува да се пресели во Челзи а Манчестер Сити се посочува како фаворит во трката за потписот на Самир Насри па се говори дека Сер Алекс ќе се насочи кон Весли Снајдер.
Од таборот на Интер веќе најавија дека тие не сакаат да се разделат со своите најдобри фудбалери но се шпекулира дека Нероаѕурите би можеле да се сложат на продажба на Снајдер доколку пристигне соодветна понуда.
Иако сеуште не е јасно дали Манчестер Јунајтед ќе може да стигне до потписот на Весли Снајдер, тренерот на првиот тим на ’Црвените Ѓаволи’ Рене Муленстен вели дека плејмејкерот на Интер е идеален фудбалер за нивниот тим.
За магазинот Voetbal International Муленстен за својот сонародник рече: “Новиот Пол Сколс не постои, исто како што никогаш не се појави новиот Рои Кин, но Снајдер би се вклопил перфектно.”
“Не можам да се сетам на поидеален фудбалер за нашиот тим.”
“Не го велам ова само поради тоа што е Холанѓанец. Работам тука долго време, добро го познавам тимот и знам дека Снајдер би бил одличен ангажман.”
“Се чини дека тој ќе биде перфектно надополнување на (Хавиер) Ернандез, (Вејн) Руни, (Парк) Џи Сунг, (Ешли) Јанг, (Антонио) Валенсија, Нани и (Рајан) Гигс.”
“И, секако, Весли го има неопходното искуство од играње фудбал на топ ниво.”
“Не знам каква ќе биде неговата иднина во Интер, дали ќе замине или дали некој може да си го дозволи.”
“Но, чисто на основа на фудбалските вештини, би рекол дека треба да го ангажираме Снајдер.”

No comments:

Post a Comment