Monday, July 4, 2011

И Бразил потфрли на стартот од Копа Америка


По примерот на домаќинот Аргентина, и Бразил потфрли на стартот од Копа Америка.Бразил влезе како огромен фаворит во натпреварот против аутсајдерот Венецуела, но одигра натпревар под очекувањата.
Бразилците ја имаа теренската доминација, успевајќи неколку пати опасно да се заканат во првиот дел од натпреварот, преку Нејмар и Робињо, во продолжението делуваа анемично без идеја како да постигнат гол.
Венецуела одигра тактички добар натпревар недозволувајќи му на противникот да биде опасен.
Голови немаше ниту на натпреварот помеѓу Парагвај и Венецуела.
Во овој дуел Парагвај кој важеше за благ фаворит ја имаше доминацијата, делуваше поопасно кон голот на противникот но и Еквадорците имаа свои моменти кои не ги искористија.
 

No comments:

Post a Comment