Sunday, July 3, 2011

Ѓоковиќ е новиот крал на Вимблдон !


Најдобриот тенисер на планета до денес, Рафаел Надал повторно оваа сезона е поразен од страна на новиот крал на тениските турнири, Новак Ѓоковиќ во големото финале на Вимблдон со 3-1.
Денешниот натпревар започна со лесна предност на шпанецот, но набрзо таа предност беше надмината а во 10. гем Ѓоковиќ го зададе првиот посериозен удар, го освои брејкот и се најде на чекор од освојување на првиот сет, а тоа му успеа со 6/4.

Во вториот сет србинот супериорно го прегази Надал со 6-1 по сетови додека Рафа виде трошка надеж во третиот сет, во кој му врати на Ноле исто така со 6:1 и тргна на пат кон комплетен пресврт. Сепак Ноле не го дозволи тоа и успеа да го освои наредниот сет и со тоа да стане новиот крал на Вимблдон!

Ова е прв пат во историјата на машкиот тенис претставник на Србија да стигне до позицијата рекет број 1 во светот, при што да го освои најпрестижниот турнир во светот на тенисот.

No comments:

Post a Comment