Thursday, July 7, 2011

Ернандез: Работам напорно да бидам уште подобар

Мексиканскиот фудбалер се покажа како вистинско освежување за Манчестер Јунајтед и Премиер лигата.
Сер Алекс Фергусон го купи пред минатото Светско првенство за само 7 милиони фунти, а Ернандез за брзо време блесна и се избори за првотимски статус во англискиот шампион.
Тој вели дека секој ден работи напорно за да биде уште подобар.
"Имав малку среќа при некои од моите голови" - изјави Ернандез за Inside United.
"Постигнав неколку голови со глава. Работам на тој дел од мојата игра бидејќи не сум многу висок".
"Работам на сите аспекти од мојата игра - брзина, сила, техника, вештина со топката, движење и шут со глава".
"Можам да искажам само благодарност за Фергусон за довербата која ја покажа во мене, ми овозможи да играм за Јунајтед па му должам многу".
"Напредувам, се обидувам да бидам побрз со топката, со повеќе техника и концентрација бидејќи многу е тешко да ја задржите топката во оваа лига".
"Се разбира имам уште многу да напредувам и ќе работам напорно секој ден за да го достигнам тоа".

No comments:

Post a Comment