Се говори дека Арсен Венгер го има идентификувано плејмејкерот на Марсеј како замена за Цеск Фабрегас и Самир Насри, за кои силно се шпекулира дека ќе заминат од Емирати Стадионот ова лето.
Но тренерот на Марсеј, Дидие Дешам инсистира дека тие сеуште немаат добиено конретна понуда за услугите на 26 годишниот Валбуена.
Во интервју за La Provence за сториите кои го поврзуваат Арсенал со Валбуеана, Дешамп рече: “Тоа се само гласини.”
“Две години јас сум тука, и нема пристигнато ниту една конкретна понуда. Но тоа не значи дека Матју не е фудбалер од висока вредност.”
“Со оглед на нашиот пласман во Лигата на Шампионите, верувам дека најважно е тој да остане во Стад Велодром.”
Тренерот на Марсеј сепак признава дека во иднина тие би можеле да се сложат на продажба на Валбуена.
“Сепак, доколку пристигне атрактивна понуда до лидерите на клубот, најверојатно од мене ќе биде побарано да размислам добро. Но во моментов не се работи за такво нешто.”

No comments:
Post a Comment