Thursday, July 7, 2011

Претставници на Реал во Бразил по потписот на Нејмар

Подолго време се шпекулира дека Реал Мадрид се обидува да го ангажира Нејмар но од таборот на Сантос неодамна нагласија дека бразилскиот интернационалец не е на продажба.
Последните извештаи што пристигнуваат од Бразил и Шпанија, говорат дека делегација на Кралскиот клуб предводена од потпретседателот Фернандо Фернандез Тапиас е во Бразил во обид да биде договорен трансферот на Нејмар.
Се говори дека претставниците на Реал Мадрид ги информирале лидерите на Сантос дека имаат намера да ја платат откупната клаузула во договорот на фудбалерот вредна 45 милиони евра.
Исто така се пишува дека била остварена средба и со агентот на Нејмар, Вагнер Рибеиро на кого му била доставена понуда за договор вреден 5 милиони евра по сезона.
Реал Мадрид сака да го комплетира трансферот на Нејмар пред почетокот на својата сезона додека пак екипата на Сантос посакува да го има на располагање талентираниот напаѓач за Светското Клубско Првенство што во декември ќе се одигра во Јапонија.

No comments:

Post a Comment