Friday, July 1, 2011

Хулк вели дека останува во Порто


Извештаите на медиумите велат дека неколку клубови ширум Европа, помеѓу кои Милан и Манчестер Сити сакаат да го видат 24 годишниот напаѓач во своите редови.
Сепак Хулк, кој во мај стави потпис на нов петгодишен договор со Порто во кој има откупна клаузула од 100 милиони евра, вели дека нема да замине од Драгао Стадионот.

“Да заминам од Порто? Ставив потпис на петгодишен договор и мојата иднина е во Порто.” – рече Хулк.

Хулк исто така му посака се најдобро на Андре Вилаш Боаш кој минатата недела го напушти Порто за преселба во Челзи.

“Му посакувам многу среќа, освен доколку Порто се сретне со Челзи.”
 

No comments:

Post a Comment