Thursday, July 7, 2011

Официјално: Велез Сарсфилд потврди дека Рики Алварез се сели во Интер

Медиумите од Италија во последните неколку дена силно шпекулираат дека Интер ќе го украде Рики Алварез од пред носот на Арсенал.
Велез Сарсфилд и претставници на Интер вчера беа инволвирани во напредни преговори и двата клуба успеаа да ги договорат условите за реализација на зделката.
Клубот од Аргентина утрово потврди дека Алварез ќе се пресели на Џузепе Меаца откако Интер се сложил да плати 17 милиони долари (околу 11,8 милиони евра) за 90% од сопственоста на фудбалерот.
Нероаѕурите исто така имаат опција да ги откупат преостанатите 10% од сопственосата за 1 милион евра откако Алварез ќе одигра 80 натпревари во црно-плавиот дрес.
“Велез Сарсфилд може да соопшти дека е постигнат договор со Интер за трансферот на Рикардо Алварез.” – гласеше соопштението наvelezsarsfield.com.ar.
“Вредноста на трансфер зделката е 17 милиони долари (околу 11.8 милиони евра) за купување на 90% од економските права на фудбалерот.”
Медиумите пренесуваат дека 23 годишниот офанзивен фудбалер ќе стави потпис на петгодишен договор вреден 1 милион евра по сезона.
Се очекува Рики Алварез да пристигне во Италија во четврток за да ги помине лекарските прегледи и да го комплетира трансферот.

No comments:

Post a Comment