Ваквите натписи сега ги потврди и екипите на Валенсија со соопштение на својата официјална веб страна.
“Фудбалскиот Клуб Валенсија постигна договор со Алмерија за ангажман на Пабло Пиати, кој сега ќе треба да ги помине лекарските прегледи.” – гласеше соопштението на valenciacf.com.
Лос Че не објави детали од зделката а според медиумите од Шпанија трансферот на Пиати е вреден околу осум милиони евра
22 годишниот крилен фудбалер ќе се обврзе кон Валенсија со петгодишен договор и ќе биде презентиран како нов фудбалер на тимот од Местаља во петок.
Како дел од трансферот, Валенсија се обврза во август да одигра пријателски натпревар против Алмерија.
No comments:
Post a Comment