Telegraph денеска објави дека ’Граѓаните’ му порачале на Тевез дека тие посакуваат 50 милиони фунти за неговите услуги и со ваквиот став на тимот од Истлендс малку е веројатно дека некој клуб ќе се обиде да го ангажира напаѓачот.
Дитер Хаман, кој настапуваше за Сити помеѓу 2006 и 2009, знае дека ќе биде тешко да се замени фудбалер од класата на Тевез но ја советува управата на ’Граѓаните’ да му дозволат на аргентинецот да замине.
Хаман вели дека нема потреба да се зачува фудбалер кој повеќе не сака да биде дел од тимот и верува дека Сити ќе пронајде соодветна замена за Тевез.
“Тој има договор со Сити па последниот збор го има клубот но доколку фудбалерот сака да замине нема потреба да го задржите.” – рече Хаман, кој неодамна беше именуван за нов менаџер на Стокпорт.
“Тој има договор со Сити па последниот збор го има клубот но доколку фудбалерот сака да замине нема потреба да го задржите.” – рече Хаман, кој неодамна беше именуван за нов менаџер на Стокпорт.
“Сигурен сум дека тие ќе донесат правилна одлука и ќе пронајдат правилно решение но сега се зависи од Гери Кук, Роберто Манчини и Тевез.”
“Тешко е да се замени Тевез бидејќи тој постигна многу погодоци и заврши одлична работа за клубот.”
“Сепак, доколку има фудбалер кој може да го замени Тевез, Сити сигурно ќе се обиде да го ангажира.”
No comments:
Post a Comment