Friday, July 1, 2011

Игуаин: Сакам да останам во Реал Мадрид

Медиумите го поврзуваат Реал Мадрид со ангажман на Нејмар од Сантос како и Агуеро од Атлетико Мадрид и со самото тоа се фрла сомнеж врз иднината на Гонзало Игуаин на Сантијаго Бернабеу.

Во интервју за AS напаѓачот вели дека е среќен во Реал Мадрид и сака да продолжи да го носи дресот на Кралскиот клуб и во иднина.

“Во моментов јас сум фокусиран само на Аргентина па кога ќе заврши Копа Америка ќе видиме што ќе се случи.” – рече Игуаин.

“Мојата желба е да продолжам со Реал Мадрид. Сакам да освојам уште многу трофеи и чувствувам дека фановите ме обожаваат.“

“Нема ништо подобро од тоа да се биде во најголемиот клуб во светот.”

Запрашан дали му пречеле гласините кои велеа дека тој ќе замине од Бернабеу бидејќи не се вклопува во плановите на Мурињо, Аргентинецот додаде: “Јасно е дека во тим како Реал Мадрид, со многу квалитетни фудбалери потребно е да работите напорно секој ден за да се изборите за првотимски статус.“

“Секогаш има голема конкуренција за место во составот.“

“Што се однесува до Мурињо, јас сум му многу благодарен за се она што тој направи за мене. Имам само зборови со благодарност.“

Игуаин потоа додаде: “Многу сум среќен тука. Минатата сезона триумфирав во Копа дел Реј и играв покрај ѕвезди за кои никогаш не сонував дека ќе бидат мои соиграчи.”

No comments:

Post a Comment