Екипата на Милан неколку месеци го следи офанзивниот фудбалер од средниот ред на Ривер Плата но во последно време се шпекулира дека екипата на Рома е најблиску до потписот на аргентинецот.
Исто така се говори дека и екипите на Наполи и Интер пројавуваат интерес за Ерик Ламела а има и извештаи кои велат дека Нероаѕурите ќе се обидат да го искористат добриот однос со нивниот екс-фудбалер Даниел Пасарела за да дојдат до потписот на Ламела.
Се говори дека и таткото на Ерик Ламела ќе пристигне во Италија и ќе одржи преговори со заинтересираните клубови.
Извештаите велат дека талентираниот фудбалер би можел да биде продаден за околу 12 милиони евра.
No comments:
Post a Comment