Thursday, July 7, 2011

Икер Касиљас вели дека останува капитен на Реал Мадрид


Пред неколку дена Marca објави дека Жозе Мурињо планирал да го замени Икер Касиљас со фудбалер од поле како капитен на Реал Мадрид.
Се говореше дека ’Специјалниот’ чувствувал дека неговиот тим се наоѓа во беспомошна ситуација при некои одлуки на судиите поради неможноста на капитен на Реал да разговара со арбитрите.
Серхио Рамос и Чаби Алонсо беа посочени како можни наследници на Икер Касиљас но голманот вели дека тој останува капитен на Реал Мадрид.
Шпанскиот интернационалец зборувајќи на прес-конференција во Пекинг, рече: “Разговарав со тренерот околу ова прашање и дискутиравме дали е потребно да му ја предадам капитенската улога на некој друг.”
“Но нашиот тренер рече дека тоа е непотребно.”
Икер потоа додаде: “Постои шанса во иднина доколку нешто лошо се случи или поради некои други причини, јас да ја отстапам капитенската лента.”
“Но во овој момент, би кажал дека нема ниту најмала шанса за нешто такво.”

No comments:

Post a Comment