Од таборот на Барселона пред неколку дена потврдија дека е доставена дефинитивна понуда до Удинезе која нема да биде променета а од трката за потписот на Санчез се откажа Манчестер Сити.
Затоа интернационалецот од Чиле силно се поврзува со преселба на Камп Ноу и гласините велат дека претседателот на Барселона, Сандро Росел заминал во Аргентина (каде се одржува Копа Америка) за да го комплетира ангажманот на Алексис Санчез.
Но спортскиот директор на Удинезе вели дека сеуште ништо не е договорено за трансфер на Санчез.
Фабрицио Ларини за La Gazzetta dello Sport рече: “Нема дефинитивен договор за трансфер на Санчез. Немаме потреба да го продадеме фудбалерот, кој е многу важен и може да стане подобар.”
“Доколку не успееме да постигнеме согласност, ние ќе бидеме среќни да го задржиме.”
Интер се обиде да го ангажира Санчез уште минатата година но Удинезе тогаш одби да преговара а Нероаѕурите сега не се во можност финансиски да се натпреваруваат со Барселона и Сити.
“Интер се распрашуваше за фудбалерот минатата година. Но не започнавме преговори бидејќи сакавме да го задржиме фудбалерот најмалку до јуни.”
“Во тој период, вредноста на фудбалерот беше различна од сегашната па затоа Нероаѕурите сега не можат да се натпреваруваат со другите екипи.”
“Тие предложија неколку фудбалери да бидат разменети како дел од зделката, но има други клубови кои доставија подобри понуди.”
За ситуацијата на Гокан Инлер, кој е трансфер цел на Наполи, Ларини рече: “Ние веќе се договоривме со Наполи па останува фудбалерот и Наполи да пронајдат заеднички јазик.”
“Зделката ќе се комплетира само доколку сите три страни постигнат согласност.”
“Фудбалерот сеуште ги нема договорено личните услови и мислам дека тоа наскоро ќе се случи.”
“Но не ја исклучувам можноста тој да остане. Инлер е среќен на Фриули.”

No comments:
Post a Comment